И оваа година, 13та по ред, фестивалот носи огромни изненадувања во ГАЛА проекциите – најнаградуваните европски режисерски остварувања за кои секогаш се бара билет повеќе.
13-то издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS ќе се одржи 13 до 22 ноември 2014.
Организаторите информираат: „Во Официјалната селекција и селекцијата на најдобрите филмови од балканската кинематографија –CINEBALKAN, повторно благодарение на селекторот БерндБудер, ќе имаме можност да ги проследиме филмовите од идните млади европски режисери кои полека но сигурно го трасираат својот пат кон светските фестивали.
И оваа година во соработка со Тони Шариќ, директорот на фестивалот ДОРФ од Хрватска, ќе можете да ги погледнете најновите музички документарни филмови во можеби досега највозбудливата музичка програма воопшто – филмот кој ја одбележа 2014-та година “Nick Cave: 20.000 days on Earth”, филмот за контроверзниот нигерски џез музичар Фела Кути“Finding Fela”, музичкиот документарен филм за култните Stone Roses “The Stone Roses: Made of Stone”, премиеранафилмот “Денот да ерадосен” за легендарните Културно Уметнички Работници, музички филм посветен на shoegazeдвижењето “Beautiful noise”како и многу други.
Сето ова проследено со незаборавни музички вечери.
CINEDAYS оваа година оствари соработка со фестивалот Queer Lisboa: International Festival of Queer cinema од Лисабон кој е посветен на квир кинематографијата. Оттаму ни гостува директорот како и уметничкиот селектор на фестивалот со своја селекција на португалски квир тематски наградувани филмови кои ќе бидат прикажани во рамките на ЕУ инфо центарот во Скопје
CINEDAYS оваа година ќе одржи и работилница на тема “Успешно донесување одлуки во VFX дизајнот” со една од најпознатите светски аниматори – ВиржиниБурдан, која е една од ректите жени претставници во ова поле. Својата кариера ја започнува од пред дваесетина години, откако најпрво работи со анимирани филмови и со реклами во печатени медиуми. ВиржиниБурданпрераснува во првиот VFX концептуален уметник во Лондон во тоа време, работејќи за Moving Picture Company. Набрзо потоа го основа и првиот оддел за VFX уметност, работејќи заедно со својот тим на повеќе од 30 филма, меѓу кои и : „X-Men“, серијалите „Хари Потер“ и „Нарнија“, „Прометеј“ и „Кодот на Да Винчи“. Има работено на најразлични проекти, пренесувајќи ги визиите на режисерите и VFX – шефовите на филмското платно. Виржини од секогаш имала страст за развивање на уметничкиот талент на оние кои работат со неа, дури и пред да почне да работи со VFX, интерес што ја навел да држи работилници во училишта за анимација, во текот на последните 17 години. Сега, ја основа TheArtofDirection, консултантска компанија каде што работат едни од најдобрите VFX експерти на светот. Оваа работилница CINEDAYS ќе ја оствари во соработка со македонската успешна компанијаFx3x.
Оваа година исто така, со помош на несебичниотгрант од Фондот за поддршка на европските кина Eurimage, во рамките CINEDAYS ќе се одржи голема регионална конференција со мастер предавања на наградувани Европскикинематографери за студентикои се во својата последната година од своите студии по филмска камера од Романија, Србија, БиХ, Косово, Албанија, Бугарија и Македонија’ – велат организаторите.
И оваа година, CINEDAYS се реализира со помош на Министерството за култура, Градот Скопје, Делегацијата на ЕУ во Македонија како и Агенцијата за филм.