Утре (среда, 24 септемри) во 11:00 часот во Посебното основно училиште „Златан Сремац“ – Скопје, свечено ќе биде отворена просторија за дневен престој.
Просторијата беше реконструирана и пренаменета со средствата добиени од 4-от DMWC Меѓународен добротворен базар 2014, организиран од НВО „Dobredojde“ Macedonia Welcome Center со подрршка на Град Скопје, а во соработка со голем број странски амбасади и бизнис –заедницата.
Програма за свеченото отворање:
11:00 свечено обраќање на Н.Е Душанка Дивјак Томиќ – амбасадор на Република Србија во РМ и почесен претседател на од 4-от DMWC Меѓународен добротворен базар 2014
Обраќање на Емилија Миладинова Аврамчева – претседател на „Dobredojde“ Macedonia Welcome Center
Обраќање на Мери Стојкова – директор на ПОУ „Златан Сремац“
11:20 настап на децата од ПОУ „Златан Сремац“
11:30 свечено отворање на училницата
11:45 подароци за учениците од Училиштето