По повод културниот празник на Словенија, во организација на „Матица македонска“ од Скопје и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, утре (8 февруари, сабота) во 12 часот, во „Матица ексклузив“ ќе биде промовирано македонското издание на култниот роман „Аламут“ од класикот на словенечката литература, Владимир Барол.
Преводот од словенечки јазик го направи проф.Соња Должан, долгогодишен учесник на Меѓународниот семинар за македонски јазик во Охрид и голем афирматор на македонската литература во Словенија.
На свеченоста ќе говорат писателот Раде Силјан и Неговата екселенција Бранко Раковец, амбасадор на Р. Словенија во Р.Македонија, а романот ќе го промовира проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска.