Градската библиотека „Браќа Миладиновци” денеска ( 22 април, вторник)– Меѓународен ден на Мајката Земја, точно на пладне (12 часот), се приклучува кон светското одбележување на Денот на Мајката земја.
Меѓународниот ден на Мајката земја промовира поглед на Земјата како субјект кој го одржува сите живи нешта кои се во природата и ширење на глобалната свест за меѓузависноста што постои меѓу луѓето и другите живи видови, како и нашата планета. Сите ние ја добиваме Земјата како целина и го имаме нашето место во неа. Хармонија со природата е идеата на овој настан и со активно учество на децата, како заштитници на Земјата, се дефинираше темата на ликовниот хепенинг – „Биди ѝ ти заштитник на планетата“.
Ликовниот хепенинг се организира во соработка со Центарот за едукација и креативност „Никулец Креатива“ и учениците од ОУ „Коле Неделковски“ Скопје. Настанот ќе се одржи во дворот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Пораките од хепенингот учениците ќе ги делат на минувачите, за ширење на идеата дека имаме само една планета за живот и треба да ја чуваме за нашите деца и за идните генерации.
Од настанот ќе биде испратена покана со список на активности за заштита на планетата во кои може да се вклучи и надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање, активности кои ќе ги дефинираат самите учесници на хепенингот.