Изложба на српскиот уметник Мита Ристиќ во Кавадарци

Во сабота, на 27 септември 2014 година, со почеток од 19.30 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Мита Ристиќ од Врање, Србија.

Изложбата носи наслов “Траги на времето“ (Трагови времена, Traces in Time) и пред кавадаречката публика доаѓа како дел од неговиот истоимен работен циклус, кој се претставува во три галерии, во три града, во три држави. Досега беше успешно поставена во Галеријата на друштвото на писатели на Војводина во Нови Сад, Србија и во Уметничката галерија Недев во Стара Загора, Бугарија, за да во Кавадарци на 27 септември го доживее финалето на ова успешно меѓународно претставување на Мита Ристиќ.
Мита Ристиќ со сликарство се занимава од 1978 година и досега има одржано над дваесет самостојни ликовни изложби. Член е на повеќе ликовни здруженија во Србија, а од 2012 и на Здружението на професионални ликовни уметници на Москва. Меѓу другото е и чест гостин на македонските ликовни колонии, а од Меѓународната ликовна колонија “Михајлово“ – Кавадарци произлезе и идејата за оваа изложба.

You May Also Like