В четврток ( 25 октомври) во 20:00 часот, во НУ Музеј на современата уметност ќе се отвори самостојна изложба на еден од најспецифичните хрватски авангардни уметници Жељко Кипке, со наслов „Поздрав од Загреб“.
Кипке е автор кој што оставил особен белег во креирањето на современата хрватска ликовна сцена и чии дела се наоѓаат во збирките на значајните музеи, галерии и колекции ширум светот.
„Поздрав од Загреб“ е приказна за невидливиот Загреб во четири целини. Клетви врз неговите културни ин-ституции, ревизија на некогашните собира-лишта на уметниците, надзор над главниот полициски двор или поставување фиктивни споменици на неговите најатрактивни плоштади и паркови се сегменти на невидливата преобразба на хрватската метропола.
Споменатите програми настануваа цела една деценија и подолго. Отпрвин Клетви во форма на слика, па субјективен филм за галериите што повеќе не постојат на картата на градот или се преселиле на други локации (Невидливи галерии), потоа тајна камера насочена кон полицискиот двор каде што полни две години се градеше дом на тајните служби (Надзорна камера) и на крај ретрофутуристичка серија слики за масонскиот заговор во рамките на Европската унија (Трета ретрофутуристичка изложба: Поздрав од Загреб).
Наведените проекти само ги следеа збиднувањата во општественатa, односно на политичката арена на Загреб. Помалку забележлива, речиси невидлива, но од голема полза на долги патеки, поради што требаа да го поминат »уметничкото крштевање«. Станува збор за бизарни врски што требаше однапред да се забележат, потоа да се провоцираат, повремено да се контролираат и никако да не се забораваат. До толку повеќе, притоа беше пожелно да се користат сите расположливи медиуми, од древните техники, како што е акупунктурата (Клетви) сè до банални илустрации (Трета ретрофутуристичка изожба: Поздрав од Загреб). Дискретната мрежа на уметничкитeпровокации e дел од тајната мрежа на градот – станува збор за невидливи мерки што еден урбан комплекс го разликуваат од друг. Што се побизарни, подинамично е секојдневието на некоја метропола.