Моментално најбараниот македонски артист, поп раперот Тајзи, на 31 јули во Охрид ќе одржи свој концерт. Концертот ќе биде на плажата Градиште, со почеток во 21:00 часот.
На овој концерт Тајзи ќе настапи заедно со својот бенд, а неговите фанови ќе имаат можност да уживаат во неговите хитови „Љубов“, „Регетон“, „Пишано е“, „Живеам за себе“, „Дома си е дома“.
Драган Величковски –Тајзи, инаку е и добитник на две престижни награди на МАРС 2013, „Ѕвезда што се раѓа” и “Награда од публиката” за најслушана песна „Регетон“ која е дел од неговиот албум “Нешто поинакво”.