Семејниот викенд кој се организира секој прв викенд од месецот во киното Cineplexx, ќе се оддржи на 2 и 3 март од 12 до 17 часот. Најмладите и нивните семејства ќе имаат можност да уживаат во филмовите кои се на репертоарот на киното и да се дружат со своите омилени ликови.
Во рамки на семејниот викенд филмските љубители ќе можат да можат да го погледнат новото анимирано филмско остварување на Тим Бартон „Моето најмило чудовиште 3D“ како и семејниот филм „Хаос во куќата – старците доаѓаат“. За најмладите ќе бидат прикажани и актуелните наслови за деца „Барајќи го Немо 3D“, „Ѕвончица и тајната на крилјата 3D“, „Пет легенди 3D“, „Авантурите на Семи 3D“, „Храбрата Мерида 3D“.
Во периодот од 12.00ч до 17.00ч децата ќе се забавуваат во холот на киното со разновидната програма и ќе се дружат со маскотите. Тие ќе можат да ги проследат триковите на мистериозниот магионичар кој ќе ги воодушеви најмладите. Децата ќе добијат и цртежи на лице од дизниевата принцеза.
За време на викендот филмските маскоти ќе ги анимираат посетителите и ќе се
фотографираат со нив.Во детското катче, дечињата ќе можат да ги бојат и цртаат своите омилени ликови и да ја играат својата омилена игра „плочка“.
Во текот на овие денови посетителите ќе можат и да го купат семејното мени по намалена цена.