Здружението за култура,уметност и креативност „Деница“, ПАРК и „Здраво-живо“ организираат осмомартовски базар на ракотворби на 7 март (четврток) во просториите на МКЦ клуб. Базарот ќе биде хуманитарен во чест на момчето Филип Михајловски и сите собрани средства ќе одат за нагово брзо опоравување.
Оваа година ке бидат присутни само десет автори бидејки базарот ке се одвива во еден ден од 18 – 23 часот, каде покрај ракотворците своето присуство го потврди и Маја Платнар со жива храна.
Станува збор за Филип Михајловски, младо момче со големо срце и огромен потенцијал. Ајде заедно да му помогнеме, да стигне до саканата цел, повторно да застане на нозе. Затоа ве молам, донирајте . На 13.07 при скок во вода Филип Михајловски (18) го скрши седмиот вратен прешлен. Како последица, остана парализиран од градите надолу. Издржа долга и тешка операција под водство на Проф. Др. Мирче Симеонов на Клиниката за Хируршки болести – Скопје. За жал можностите за рехабилитација во нашата земја се исцрпеа и сега му се потребни финансиски средства за рехабилитација во странство, кои за жал семејството не е во можност да ги обезбеди во целост. По препорака на тим од лекари од Македонија ( меѓу кои и ценетиот Професор Мирче Симеонов ) Филип е упатен во Словенија, каде го заврши лекувањето во Клиничкиот Центар За Спинални Повреди – Соча, Љубљана, што беше само прва фаза од долготрајниот процес.
Лекувањето го продолжува во Гибање – приватен рехабилитационен центар, кој специјализира во ваков тип на повреди и каде Филип покажува огромен напредок, односно после само 5 месеци упорно и посветено вежбање Филип успеа да се исправи прво со помош на ортози, а потоа и без нив.