Свечено отворање на „Про-за Балкан“

Вечер (понеделник, 4 март) во 20:00 часот во МКЦ започнува фестивалот на балканската проза „Про-за Балкан“.

Фестивалот ќе биде отворен со претставување на специјалните гости, петмина реномирани писатели:
За Владислав Бајац и Миљенко Јерговиќ ќе говори Александар Прокопиев
За Алек Попов ќе говори Елизабета Шелева
За Андреј Блатник и Александар Николаидис ќе говори Ермис Лафазановски

Во вторник е предвидена и трибина „Мобилноста и балканските писатели“ – во Младинскиот културен центар во 11:00 часот
Модератор – Елизабета Шелева , поканети учесници се десетина македонски писатели и издавачи и гостите автори.

 

„Про-за Балка“ ќе трае до 6 март.

You May Also Like