Јавната дискусија на тема „Основање на Национален Младински Совет“, ќе се одржи среда (06 март, 2013) во кружната сала на комитет Куманово, со почеток од 12.00 часот.
Настанот претставува презентација на сработеното од страна на Иницијативниот Одбор за формирање на Национален Младински Совет со цел да се поттикне и отвори дискусија во врска со изложеното. Поканети на настанот се младите, претставници на невладиниот сектор, релевантните државни институции, како и претставници од повеќето амбасади и конзулати во РМ.
Иницијативниот Одбор за формирање на Национален Младински Совет е тело составено од 16 невладини организации. Самиот Одбор беше формиран за време на деновите на младинско вмрежување, кои се одржаа во Дојран, од 25-28.10.2012.
Учество земаа 39 младински организации и организации за млади коишто заедно ја поставија основната предлог структура на идниот Совет. Иницијативниот Одбор го доби мандатот да ја разработи и усоврши, како и да го подготви Основачкото Собрание.