Саем за вработување и пракса на ФЕИТ

Студентскиот парламент при Факултетот за електротехника и информациски технологии го организира првиот Саем за вработување и пракса „Контакт“, кој свечено ќе биде отворен денеска (7 април, понеделник) во 11:00 часот, во салата за состаноци на ФЕИТ.

feit_logo

Саемот ќе трае од 7 до 9 април 2014 година, а на првиот ден од саемот ќе се организира и форумска расправа на тема „Соочуваме аргументи на тезата: пресекот помеѓу стручните познавања на дипломецот и побарувањата на стопанството е празно множество“, на која ќе учествуваат студенти, професори и претставници на компании.

Паралелно со презентирањето на компаниите на штандови, ќе се одржуваат и предавања од реноминирани професори и вработени во компаниите – учесници на саемот. На саемот ќе се презентираат компании од енергетскиот и ИТ секторот, автоматиката, телекомуникациите, електрониката, како и банки.

You May Also Like