Започна фестивалот „Битола отворен град“

Денеска во Битола започна Интернационалниот младински арт фестивал “Битола Отворен Град 2014”. Организаторите, МКЦ Битола, денеска на прес конференција во Битола најавија дека премиерно во Битола доаѓа “NEGATIVE” од Србија.

Press i izlozba _bitola_otvoren_grad

 

“Во рамките на фестивалот од 25-ти до 28-ти јуни на повеќе локации во градот се предвидени концерти на групи од земјата и странство, отворени улични журки, изложби, перформанси, како и традиционалниот голем музички хепенинг овој пат со спектакуларен настап на “NEGATIVE” од Србија, при што атмосферата ќе ја загрее атрактивната Ивана Петерс. Оваа енергична балканска рок атракција риреди голема журка под отворено небо на Широк сокак во рамките на Интернационалниот фестивал “Битола Отворен Град 2014”. Како претходница во рамките на големиот музички хепенинг  настапија српскиот ска-реге-џез-панк состав “ZAA” и реге-хард кор бендот “CONQUERING LION” од Тетово. Интересен е и податокот дека светскиот музички водич (Music Travel Guide – Tone Deaf, Australia) на музичките фанови им го предлага “NEGATIVE” како бенд кој не смеат да го пропуштат.”-рече на прес конференцијата Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола.

Фестивалот е во рамките на Битфест 2014 и е поддржан од ONE и Градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески.

“Заради атрактивноста на главните звезди, како и заради традицијата главниот музички хепенинг на фестивалот да го посетува над 4.000-на публика од земјата и странство, годинава се очекува уште поголем број фанови што уште еднаш ќе го потврди статусот на главниот настан како најмасовен музички настан во Битола секое лето.”-рече на прес конференцијата Сашо Додовски, директор на МКЦ Битола.

Денеска беше поставена и Меѓународната дигитална изложба на тема “ГРАД”. Во кафе барот Инстинкт беа презентирани најдобрите пристигнати дела во рамките на Интернационалната Инстаграм галерија. Се работи за 100 фотографии од 50 „отворени“ градови од цел свет, при што покрај Битола тука се и фотографии од Њујорк, Лондон, Дубаи, Краков, Берлин, Истанбул и многу други.

Утре во рамките на фестивалот на Широк сокак пред Домот на АРМ ќе биде поставена изложба на цртежи на Сунита Фишиќ инспирирана од силата на жената и мајката природа во времето и просторот, како и во страологијата и технологијата.

 

 

You May Also Like