Изминатата сабота, во периодот од 11:00 па се до 13:00 часот, посетителите на Т.Ц Зебра, беа дел од најголемата акција “Подарок книга’’ која Тинекс ја организираше за своите верни потрошувачи.
Во рамките на кампањата „Читај повеќе – Читај секаде“, писателите Димитар Мирчев, Стефан Влахов Мицов, Велко Неделковски, Раде Силјан, Паскал Гилевски, Иван Чаповски, а заедно со нив и познатиот македонски продуцент и пејач Александар Митевски, имаа средба со посетителите на Т.Ц. Зебра и во оваа пригода потпишуваа примероци од познати македонски и странски дела и ги подаруваа на сите оние кои во тој период го посетија маркетот Тинекс или трговскиот центар Зебра.
Авторите исто така приредија изненадување со шопинг – количката на мудрости за оние кои пазаруваа во супермаркетот Тинкес.
“Навистина е неочекувано додека пазарувам и ја погледнувам листата на намирници кои треба да ги купам, да ми пријде еминентен македонски автор, да ме праша за името и да ми подари книга со посвета. Едноставно супер изненадување од Тинекс’’, изјави случаен учесник во акцијата.
Проектот на Матица Македонска, „Читај повеќе – Читај насекаде!“ е првиот проект кој успеа да обедини голем број македонски компании околу една цел: да ја покажат својата одговорност кон општеството во кое делуваат, преку промоција на книгата, македонската литература и пред се македонските автори.
Тинекс по 20 години успешно работење, со оваа активност ја потврди грижата и вниманието кое го негува кон своите верни потрошувачи и кон заедницата.
На саботната акција беа поделени повеќе од 500 наслови од македонски и странски автори.