Во среда (15 октомври) во МКЦ ќе биде отворена изложба на Мирослав Масин.
Насловот на изложбата која ќе биде отворена во Младинскиот културен центар е Enchante. Истата е со почеток во 20:00 часот, и со неа уметникот одбележува 23,4 години творештво, како што пишува во поканата за овој настан.