После поканата и учеството на Биеналето во Англија каде што се претстави со 4 фотографии, мултимедијалниот уметник Алма Идризи од Скопје доби покана за учество на интернационална изложба во најголемиот уметнички салон во Париз, Есенскиот салон 2014.
На големиот Есенски салон во Париз, Алма Идризи исто така ќе се претстави со фотографија.
Есенскиот Салон (Salon d’Autumne) одржува изложби уште од 1903 година. Салонот е значаен токму по значајните уметници кои го формирале и на него учествувале уште на првата изложба во 1903 година, тој репрезентира имиња како што се: Матис, Вијон, Бланш…. Во 1904- та на Салонот се претставени 33 слики од Сезан, 62 од Редон, и 35 од Реноар. Во 1905 – тата на него излагаат фовистите кои ги претсавуваат најголемите револуционери во сликарството во XX век. Во 1903 тата меѓу излагачите се Роден, Леже, Шагал, Де Кирико…
Во 1923 тата година, во Салонот влегува Корбизие со својот современ град, а Кокто ја отвора вратата на седмата уметност – филмот. Ќе го споменам уште Пикасо, кој на овој Салон во 1945 година се претставил со 76 слики. Овие значајни имиња се дел од богатата историја на Салонот, поради која тој оправдано станува референца во историјата на уметноста на XX век.

