Денеска (понеделник, 25 август) од 20:30 часот на плоштадот Александрија во Прилеп целовечерен концерт ќе одржи етно групата “Монистра”.
„Монистра“ досега има реализирано успешни концерти низ Макеоднија, како и турнеи во Израел, Египет, во земјите од регионот.
Во групата членуваат Александар Јовевски(кавал, тамбура, гајда), Јован Стрезовски и Филип Николовски (тамбури), Бојан Колевски (клабијатури), Марјан Андоновски (ударни инструменти) и Габриела Јанушевска (вокал).
Монистра во своето повеќегодишно постоење има објавено еден албум, а работат на втор, за кој Јовевски вели дека ќе биде со помодерен призвук.