Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (вторник, 27.3.2012 година) со почеток во 12:00 часот во Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на Светскиот ден на театарот и 60-годишнината од дипломирањето на првите македонски режисери.
На свеченоста ќе бидат прочитани меѓународната и националната порака за Светскиот ден на театарот, а во рамките на трибината биде одбележана 60 годишнината од дипломирањето на првите македонски режисери, некогашни професори на Факултетот за драмски уметности и големи театарски и филмски доајени: Димитрие Османли и Тодорка Кондова – Зафировска.