Илхами Емин е четвртиот витез на македонскиот пиишан збор – признание што го доделува поетскиот караван „Почуствувај ја Македонија со шестото сетило- срцето“ чие четвртто издание се одржа во неделата (31 август) во селото Лесковица, Штипско.
Организатори на поетскиот караван се Друштвото на писатели на Македонија, младинската организација Почувствувај ја Македонија и здружението на пензионери на Македонија и иселеници.
На ова поетско читање со својата поезија не удостоија:
– Трајче Кацаров
– Илхами Емин
– Борче Панов
– Благој Самоников
– Оливера Доцевска
– Христо Петрески и
– Љубинка Донева.
Целосната програма беше збогатена со присуството и учеството на:
– Мите Грозданов со изведба на монодрама
– Трајче Јованов со изведба на дела од Ацо Шопов
– Музичкото дуо Signature составено од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара
– Оперската певица Серафина Фантаузо со изведба на акапела ариа
– Хуманистот Живко Поповски – Цветин со цветни пораки за мир
– изложба на ликовни дела од Перо Колев и
– Професор Вера Стојчевска – Антиќ со кратко предавање на тема поврзана со проектот.
Настанот беше модериран од Сузана Апостолова, а овековечен низ објективот на Каролина Пандовска.
Хуманитарната мисија на караванот продолжи и повторно собраните средства од симболичната продажба на повеќе од 50 книги од македонски автори се порадија на НОРА (Невладина Организација за Ревматизам и Артритис).