Светската премиера на „Деца на сонцето“ во Лондон

Светската премиера на „Деца на сонцето“ на Антонио Митрикески, на фестивал во Лондон …

deca na sonceto snimanj na filmot  (11)Светската премиера  на филмот „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митрикески ќе биде на 25 септември, на 22. меѓународен филмски фестивал „Реинденс“ во Лондон. Филмот доби покана да биде прикажан во официјалната програма и со тоа го стекнува правото да се бори за главната награда на фестивалот, кој се  одржува секоја година од 24 септември до 5 октомври.

Во филмот играат: Ивана Павлаковиќ, Кире Ѓоревски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Милица Стојанова, Билјана Таневски, Данчо Чеврески, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Мартин Мирчевски, Емир Хаџихафизбеговиќ… Филмот е работен според сценарио на Гордан Михиќ, а го монтираше култниот Андрија Зафрановиќ. Продуцент на филмот е Дејан Милошевски.

– Ова е филм правен со многу љубов и позитивна енергија, која екипата безрезервно ја даваше. И мислам дека тоа се чувствува во секоја сцена од филмот. Настојувавме да допреме до вистината и до внатрешните немири на ликовите. Веруваме дека филмот ќе допре до публиката и критиката. Тој носи верба и надеж, изјави Митрикески. 

You May Also Like