Изложба во чест на копаничарот Петре Филипоски – Гарката

Изложба во чест на копаничарот Петре Филипоски – Гарката, денес ќе биде отворена во Крушево …

Во Домот на културата „Наум Наумовски – Борче“ во Крушево денеска ќе биде отворена 57-та изложба на копаничарски дела во чест на големиот македонски копаничар Петре Филипоски – Гарката. Со изложбата, чиј организатор е Здружението на копаничари на Македонија – Битола, почнуваат септемвриските културни активности од манифестацијата „Крушево град на културата 2014“.

Пред отворањето на изложбата, напладне, во црквата „Св. Никола“ ќе се одржи панихида по повод 160 години од смртта на Гарката.

Во прерсет на одбележувањето на Денот на независноста на Македонија кој истворемено е и Ден на ослободувањето на Крушево, општината најавува богата културна програма. На 7-ми септмеври вечер, пред споменикот „Илинден“ концерт ќе одржи Влатко Стефановски, а следниот ден, на платото на месноста Гумење, концерт ќе одржи ансамблот „Танец“.

„Крушево град на културата 2014“ се организира со поддршка на Министерството за култура.

You May Also Like