„Хладно пиво” на „Битола отворен град“

На 25 август на ракометното игралиште во Битола ќе настапи познатата панк-рок атракција „Хладно пиво“. Нивниот концерт е во рамките на Интернационалниот младински фестивал „Битола oтворен град 2012”.


По повод 15 годишнината од постоењето на Младинскиот културен центар од Битола, во соработка со промотерската куќа Фреш Унион, покрај „Хладно пиво” ќе настапат и Rambo Amadeus & Broken Beat Sextet од Црна Гора, како и домашниот состав „Фолтин”.
Фестивалот „Битола отворен град 2012“ е поддржан од градоначалникот на општина Битола и е во рамките на Битолско културно лето – Битфест.

Влезниците се веќе во продажба низ цела Mакедонија.

You May Also Like