Врз основа на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје за 2014 година, Град Скопје објави Конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од Скопје.
Во Конкурсот се вели: „Се повикуваат сите учесници – професионалци, аматери и деца, на Конкурсот да поднесат свои фотографии, согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки:
1. Мотивите на фотографиите да се од Скопје.
2. Да се достават фотографии со различни мотиви од Скопје, по избор на доставувачот на фотографиите.
3. По желба на доставувачот, може да се доставуваат и дневни и ноќни фотографии.
4. Доставените, односно пријавените фотографии да се во дигитален jpg или друг формат, со висока резолуција.
5. Изборот на фотографиите ќе го изврши специјална Комисија формирана од Град Скопје, според критериумите утврдени во Конкурсот.
6. Фотографиите не треба да бидат постари од 5 години.
7. Град Скопје го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи наградените фотографии во некомерцијални цели.
8. Град Скопје ќе организира изложба за наградените фотографии во еден од своите културни центри.
Награди:
На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија:
-прва награда 50.000 денари
-втора награда 40.000 денари
-трета награда 30.000 денари
Град Скопје ги охрабрува СИТЕ професионалци, аматери, деца и сите оние што го сакаат фотографирањето да учествуваат со фотографии од своите приватни колекции. Ќе се оценуваат фотографии снимени во која било од општините кои се на територијата на градот Скопје. Ќе се оценуваат фотографии снимени во кој било временски период на едно деноноќие и фотографии снимени во која било сезона на годината.
Секој кандидат своите фотографии треба да ги достави на ЦД, во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со ознака „предлог” под шифра, а другиот со документација со иста шифра ја содржи документацијата и идентификацијата на испраќачот.
Адресата на која треба да се достават предлог фотографиите е:
Град Скопје
Сектор за локален економски развој
бул. „Илинден” бр. 82, 1000 Скопје
Со назнака „за Конкурсот за најдобра фотографија“
Или лично, во Архивата на Град Скопје.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. (02) 3297-218, секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Град Скопје, барака бр. 6, канцеларија бр. 1 – Одделение за туризам.
– Конкурсот трае до 31.05.2014 год., од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.
– Пријавите за Конкурсот кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани“.