Во организација на Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ и Сојузот на Македонците со исламска религија, денеска (вторник, 19 февруари) ќе се одбележат 62 години од раѓањето на поетот и есеист, Трајан Мартиноски.
Трајан Мартиноски роден е на 19 февруари 1951 година во село Нерези, Струшко. Починал на 4 мај 1999 година во Охрид. Средно образование завршил во Струга, а дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Член на ДПМ бил од 1989 година.
Автор е на книгите „Премолчано време“ (поезија, 1982), „Дулбија“ (поезија, 1988), „Голтки“ (поезија, 1990), „Христовиот син“ (поезија, 1994), „Гробот на Чинго“ (есеј, 1995), „Говорот на цвеќето“ (есеј, 1995), „Писмото на сликата“ (оглед за пејзажот на сликарот Јордан Манасиевски, 1955), „Одговор на писмото“ (есеј, 1996), „Петнаесет пеења за карванот на цвеќето на мирот“ (1998), „Брезоњо-биографија на каменот и цветот“ (патопис, 1998), „Еригон петнаесет години потоа“ (кон драмската претстава „Еригон“ од Јордан Плевнеш, 1999), „Кон културното наследство“ (Наум Целаковски, трудови, толкувања, приопштувања