Романката Ана Станчулеску победник на фестивалот “Тра ла ла”

Ана Станчулеску од Романија ја освои гран при наградата на Интернационалниот детски музички фестивал “ТРА-ЛА-ЛА” во Битола.

pobednik_tra_la_la_2014

 

Покрај Гран при наградата, десет членото меѓународно жири, за најдобрите изведувачи синоќа на Гала концертот во Центарот за култура во Битола додели прва, втора и трета награда во три возрасни категории.

Во I категорија наградени се:

Трето место: Адријана Цветанова од Бугарија;

Второ место: Неил Санд од Малта;

Прво место: Клеста Џехаја од Косово;

Во II категорија наградени се:

Трето место: Викторија Трач од Полска;

Второ место: Весела Паунова од Бугарија;

Прво место: Јован Алексиќ од Црна Гора;

Во III категорија наградени се:

Трето место: Маријана Дијаз од Португалија;

Второ место: Антонија Дора Плешко од Хрватска;

Прво место: Келси Беланте од Малта;

Специјални награди од директорот на фестивалот “Бледски Златен Микрофон” Јања Јешенко од Словенија се доделени на Ана Гаштарова од Македонија и Ники Мједа од Албанија.

Битола од 13 до 16 август беше домаќин на 15-тото издание на Интернационалниот детски музички фестивал “ТРА-ЛА-ЛА” на кој учестуваа 40 млади музички таленти од 16 држави во светот. Покрај учесниците од Македонија, на фестивалот настапија деца солисти и делегации од Португалија, Русија, Малта, Ерменија, Украина, Словенија, Романија, Полска, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Србија, Албанија и Косово.

Фестивалот “ТРА-ЛА-ЛА” е дел од битолско културно лето Битфест со поддршка на општина Битола и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески.

ta_la_la_2014_pobednici

You May Also Like