Романот „Види кој се врати“ на германскиот писател ТИМУР ВЕРМЕШ кој АНТОЛОГ го објави минатата година, трета недела по ред во Британија ги надминува очекувањата на читаност и се најде на првото место на најчитани книги на списанието Тајмс од Лондон (The Times). Претходно во само еден ден од појавувањето на книгата, влезе меѓу топ 40 на британскиот Амазон.
Бестселерот за Хитлер кој се буди во Берлин во 2011 година после 70 години сон на англиски е објавен од страна на издавачката куќа Меклихос Прес од Лондон , издавач и на Стиг Ларсон во Британија.
Авторот Вермеш гостува низ Полустровот а ефектот е воодушевувачки. Се случува лавина од интервјуа и од книжевни осврти.
Само за потсетување, македонското издание на книгата беше објавено на 15 септември 2013 и македонската публика можеше да ја прочита книгата на својот јазик пред останатиот Балкан и поголемиот дел од земјината топка. Македонскиот превод ќе остане забележан како четврт во светот и прв на Балканот, а на годинашниот Саем на книгата во Скопје романот доживеа вистински бум.