Од денеска (четврток, 6 февруари 2014) во киното Синеплекс пристигнува акциониот супер-хит „Робокап“.
Станува збор за римејк на истоимениот хит од 80-те години на минатиот век во кој главните улоги ги толкуваат Џоел Кинаман, Аби Корниш, Мајкл Китон, Гери Олдман и Самјуел Л. Џексон. Филмот го режираше Хозе Падила, најпознат по режисерското ремек-дело „Елитен одред“ за кој беше награден во 2008 година, на филмскиот фестивал во Берлин.
Дејствието во филмот се одвива во 2028 година во Детроит. Мултинационаниот конгломерат OmniCorp се наоѓа во центарот на роботската технологија. Нивните беспилотни летала години по ред победуваат во американските војни ширум светот. Сега тие сакаат да ја донесат оваа технологија и на домашен терен.
Алекс Марфи е сопруг, грижлив татко и одличен полицаец кој прави сè што е во негова моќ за да им се спротивстави на криминалот и корупцијата во Детроит. Откако ќе биде тешко повреден за време на должност, компанијата OmniCorp со помош на своите роботски вештини ќе го спаси неговиот живот. Неговата повреда ќе им помогне да ја реализираат нивната контроверзна идеја, РОБОКАП. Робокап би требало да постои во секој град, а тоа ќе им осигура милиони нивни акционери. Меѓутоа, тие не размислувале на еден факт, а тоа е дека во машината се наоѓа човек кој е
желен за правда.
Улогата на Робокап во новата верзија ја толкува Џоел Кинаман, познат на публиката по улогата на детективот Стивен Холдер во американската верзија на серијата „Убиство“. Џоел со голем ентузијазам ја прифатил улогата на еден од најпознатите полицајци на светот. Меѓутоа да се носи оделото на Робокап значи и голема неудобност. Една од непријатностите е самиот факт што самиот актер за време на снимањето изјавил дека се „чувствува како дива“. Џоел е висок 188см и за време
на снимањето на напорните акциски секвенци кога тој го носел Робокап оделото, неговата висина била уште поизразена.