Заврши 14-то Литературно матине за деца во Илинден

Во Домот на култура „Илинден“ се одржа 14-то Литературно матине за деца на кое настапија познати домашни автори на детска литертаура.

Силните аплаузи од публиката беа награда за секоја прочитана песна. Меѓу учесниците кои настапија беа : Стојан Тарапуза, Горјан Петревски, Перо Миленковски, Бистрица Миркуловска, Наум Попески, Македонка Јанчевска, Христо Петрески, Александар Поповски.

Пред почетокот на детското матине пригодно предавање за тековите на детската литература одржа професорот Мито Спасовски.

По настапот на поетите за деца и млади градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски им додели награди и пофалници на учениците кои учествуваа со поетски творби на литературниот конкурс организиран од Општина Илинден.

Литературното матине за деца започна со положување на свежо цвеќе на гробот на поетот Драган Крушкаровски, каде пригоден говор одржа авторот Горјан Петревски.

Литературното матине за деца е дел од 14-та Литературна манифестација „Илинден 2013“ која ја организира Општина Илинден, а централниот настан – поетскиот митинг „Ветерот донесе убаво време“ се одржа синоќа.

You May Also Like