Почна уредувањето на вторниот дел од Паркот Македонија

Започна уредувањето на продолжението од Паркот Македонија долж булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов…

park makedonija vtor del 4

Градоначлникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска (23.06.2014 година, понеделник) го најави почетокот на уредувањето на вториот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.

– Градот продолжува да го зазеленува Скопје, и на овој простор што е со површина од околу 32 000 квадратни метри, на потегот од угостителскиот објект Македонска куќа до индивидуалните куќи на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов ќе изврши реконструкција на зелената површина, и ќе уреди нова парковска површина. Во паркот ќе се постави нова хидрантска мрежа со 192 прскалки со кои ќе се полева зеленилото во паркот и околу 800 новозасадените садници , од кои околу 300 дрвја ќе бидат листопадни, а околу 500 зимзелени. Во рамките на паркот ќе се оформи една трим патека со бела ризла и една асфалтирана патека со клупи за седење, корпи за отпадоци и друга урбана опрема. По трим патеката сукцесивно ќе се формираат и површини коишто граѓаните ќе можат да ги користат за одмор и рекреација, а на дел од неа ќе се постават и фитнес справи за вежбање. Во паркот, исто така, ќе има и содржини намените за децата, односно ќе се постават детски реквизити направени од дрво, еко-реквизити, како и 3 летниковци коишто ќе им овозможат на сите граѓаните да уживаат во него без разлика на временските услови и годишните времиња. Трим патеката ќе биде целосно осветлена. За реализација на овој проект од Буџетот на Градот ќе се издвојат околу 15 милиони денари – истакна градоначалникот Трајановски.

На уредувањето на паркот ќе работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, а ќе им помагаат екипи од ЈП„ Улици и патишта“.

park makedonija vtor del 3

park makedonija vtor del 2

park makedonija vtor del 1

You May Also Like