Среда (24 август) на програмата на Бит Фест

Денес, (среда, 24 август 2011 година), во 20:00 часот во изложбениот салон на Центар за култура – Битола, ќе биде отворена изложбата „Граници без граници“ која е дел од Бит Фест, а е резултат на првата реализирана работилница на истоимениот проект кој го реализираат општините Битола и Корча, проект финансиран од Европска унија.

На отворањето на изложбата, Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески на учесниците во проектот – млади невработени лица од Битола и Корча – Албанија ќе им додели сертификати за нивната досегашна работа.  Ве покануваме и вие да го проследите овој настан со цел јавноста да добие повеќе информации за овој проект кој е во фаза на реализација.

You May Also Like