Рецитал на Егзона Гервала и Пранвера Хоџа во КИЦ

Културно Информативен Центар – Скопје е организатор на рециталот од Егзона Гервала, сопран и Пранвера Хоџа, пијано.

KIC logo

Рециталот ќе се одржи на 15 мај (четврток) 2014, во 20:00 часот во Салон 19:19.

Егзона Гервала е родена во 1986 година во Приштина, Косово. Таа започна музички студии на рана возраст во нижо и средно… музичко училиштето “Пренк Јакова”, во Приштина. Егзона ги продолжи студиите за соло пеење во Музичката Академија во Тирана, Албанија, во класот на извонредна професорка и педагог Нина Мула. Потоа ги продолжи своите студии во колеџот на музиката во Вадстена, Шведска и во конзерваторијум “Петер Корнелијус” во Мајнц, Германија. Таа го продолжува својот вокален развој под покровителство на познат предавач и педагог за соло пеење проф. Мерита Јунику.
Нејзината музичка кариера може да се следи во многуте концерти и натпревари низ Европа и пошироко.

You May Also Like