Рецитал за виолончeло и пијано во КИЦ

Културно информативен Центар – Скопје го најавува рециталот на Маја Михајловска, виолончело и Елена Атанасовска-Ивановска, пијано што ќе се одржи задутре (10 април 2013, среда) во Салонот 19:19 со почеток во 20:00 часот. На програмата ќе бидат изведени дела од  Бах, Брамс, Касадо, Чајковски и Попер.


Маја Михајловска е роден 1989 година во Скопје. Нижо и средно музичко образование завршува во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” во класите на проф. М.Кочарева и проф. П.Краповски. Дипломира со највисока оцена  CUM LAUDE  на ФМУ во Скопје во класата на проф. Живко Фирфов.

Добитник на наградата  “Frank Maening” за најдобар студент на генерацијата од истоимената фондација од Лондон. Учесник на бројни мастер курсеви раководени од еминентни музички имиња. Добитник на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари.  Маја Михајловска реализира рециталски , настапи со оркестар во рамки на своите учебни институции, на “Скопско лето”, “Охридско лето”, со Македонската филхармонија.  Во 2005/2006 со интернационалниот оркестар  Yunge Orchester-Akademie oд Берн и во 2006/2007 и 2008/2009 со оркестарот CEI-YO  учествува на турнеи во повеќе европски земји.

Елена Атанасовска-Ивановска нижо и средно музички образование завршува во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” во класатра на проф. Л. Мрмевска. Дипломира со највисока оцена  CUM LAUDE и магистрира на ФМУ во Скопје во класата на проф. Борис Романов. Добитник на повеќе  први, втори и трети награди на државни и меѓународни натпревари . Елена Атанасовска-Ивановска како солист, камерен музичар, со сомфониски оркестар настапува во Македонија, Европа, САД… Работи како уметнички соработник на ФМУ во Скопје, а воедно подготвува и докторска дисертација.

You May Also Like