Трибина „Културата во функција на туризмот во Преспа“

Вчера, (петок, 15-ти март 2013 година) во Ресен се одржа трибина на тема: „Културата во функција на туризмот во Преспа“.


Учесници на трибината беа 50 претставници од јавниот, граѓанскиот и приватниот туристички сектор, културни работници, студенти и ученици од Преспа. Целта на трибината беше да се поврзат двата сектори и да го унапредат туризмот во Преспа. Трибината ја поздрави и уводен говор одржа кандидатот за градоначалник на Ресен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, М-р Ѓоко Стрезовски.

После презентацијата за културните и туристички вредности и потенцијали на Преспа, повеќе учесници дадоа конкретни предлози за конкретна туристичка понуда на Преспа базирана врз културните ресурси. Беше предложено засегнатите страни заеднички да работаат на оваа проблематика и граѓаните да можат да даваат свои предлози и да се фактор во креирањето на политиките. Наскоро се најавува формирање Совет за туризам на Преспа и понуда на манастирска, езерска тура низ Преспа. Претставниците од општина Ресен со задоволство ја прифатија понудата за заедничка соработка.

You May Also Like