Независниот ТЕАТАР 007 од Скопје, за љубителите на театарската уметност и во последниот месец од оваа година продолжува со својот редовен репертоар.
По успешните три изведби на претставата „ФАНИ МАНИ“ во режија на Коле Анѓеловски и по барање на публиката, ТЕАТАР 007 организира уште три нови изведби на оваа комедија на ситуации и тоа:
1 декември (четврток)
6 декември (вторник)
14 декември (среда)
Во оваа хит комедија која ќе Ве насмее до солзи. Во неа играат доајените на македонското актерство: Благоја Чоревски, Марија Кондовска, Димче Мешковски, Катерина Коцевска, Ванчо Петрушевски, Дади Анѓеловски и Лазе Манасковски.
Воедно, љубителите на македонската постмодерна драматургија, може да уживаат во претставата „Магија еделвајс“ работена според култниот текст „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, во режија на Игор Ивковиќ и тоа на:
2 декември (петок)
5 декември (понеделник)
Во оваа поставка во продукција на ТЕАТАР 007 играат: Филип Кипровски, Симона Ѓокиќ, Фаик Мефаилоски, Влатко Толески, Анастасија Ашкилова, Дарко Богески и Ивана Велковска.
Претставите се со почеток од 20:00 часот, на сцената на Универзална сала – Скопје.
Билети и повеќе информации на касата на Универзална сала.