Работилница за користење на природните ресурси

Македонско еколошко друштво организира Втора работилница за традиционално користење на природни ресурси со акцент на домашните и меѓународни позитивни практики за одржлив развој. Работилницата ќе се одржи на денеска (9 април, среда) во Хотел Дрим во Струга со почеток од 09:00 часот.

planina

 

Целта на оваа работилница е претставување на концептот на одржливо користење на природните ресурси користејќи позитивни примери од домашни и меѓународни пракси.

– Работилницата ќе биде добра можност локалното население, локалните власти и здруженијата на граѓани од Струга и Вевчани да се запознаат со некои одржливи пракси за користење на природните ресурси коишто ќе им помогнат во нивното секојдневие, а можеби и ќе поттикнат некои нови иницијативи за одржлив развој и екотуризам долж Планината Јабланица. Оваа активност на Македонско еколошко друштво е само продолжение на претходните активности спроведени во овој регион коишто главно се фокусирани на подигнување на јавната свест за одржливиот развој и заштитата на биодиверзитетот. Ова во иднина ќе биде добра основа за подрачјето да се прогласи за заштитено, односно Јабланица да се прогласи за Национален Парк, вели раководителот на проектот Фросина Пандурска-Драмиќанин, од Македонско еколошко друштво

Покрај учесниците од Македонија на работилницата ќе учествуваат и организациии од Албанија и Германија кои ќе ги пренесат искуствата од нивните земји..

Оваа работилница се организира во рамките на проектот прекуграничниот ИПА проект со Албанија „Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник преку активна вклученост на локалното население“, финансиран од Европската Унија, којшто Македонското еколошко друштво (МЕД) го спроведува во соработка со организацијата ППНЕА од Албанија и Фондацијата Еуронатур од Германија

You May Also Like