Денес и утре (4-ти и 5-ти јуни) со почеток во 12:00 часот на Универзитетот „Евро-Балкан“ ќе се одржат серија предавања на археологот Дејвид Ортон, доктор на Универзитетот во Кембриџ и соработник на археолошкиот институт при UCL, во Лондон.
Предавањата групирани под наслов „Radiocarbon in Modern Archaeology“, ќе бидат концентрирани на анализите кои археолозите ги користат за определување на староста на предметите и локалитетите. Овие анализи се од големо значење за археолозите и стануваат многу поактуелни со усовршувањето на технологијата и компаративните методи.
Темата кои ќе ги презентира Д-р Дејвид Ортон се подеднакво интересни за студентите и археолозите, кои ќе имаат можност детално да се информираат за научните аспекти кои не се многу познати и применети во Македонија. Предавањата се во организација на Институтот за древни студии при Универзитетот „Евро Балкан“.