Реобјавена Граматиката на македонскиот јазик од Хорас Лант

Промоција на реобјавената книга „Граматика на македонскиот литературен јазик“ од американскиот професор по славистика на Харвардскиот универзитет Хорас Г. Лант (1918-2010). Издавањето е по поводот 60 години од нејзиното прво објавување во Скопје, во 1952 година и 20-годишнината од постоењето на Фондацијата ИООМ, која го финансираше издавањето.

Граматиката на Лант (кој бил избран за прв надворешен член на МАНУ во 1969), која излегла во август во 1952 година, имала 2.000 примероци, а ја објавило Државното книгоиздателство на НР Македонија во Скопје, била печатена од „Југоштампа“ – Белград. Нејзиното реобјавување, пак, е приватна иницијатива на новинарот Крсте Јанковски, а ФондацијаИООМ преку интернет за 140 долари откупила примерок од граматиката на Лант од библиотека во САД.

You May Also Like