Релокација на диско вечерта на годинешниот Screaaam Music Festival

Со цел да не се менува датумот на диско вечерта на второто издание на Скрим Мјузик Фестивал и истата да се одржи како што беше најавено на 17-ти февруари, организаторите Нова Икс Идеја го преместија настанот од Метрополис Арена во клубот Колосеум во Скопје.

Шарам од Дип Диш, Грамофонџие, Умек и нашиот Никифор се оние кои со огромно задоволство поради настапот токму на сцената на која досега имале неколку свои сетови, ќе го вратат сјајот на клубските журки во Скопје.

– Преместувањето на рок-вечерта за 18-ти февруари е причината поради која моравме да ја дислоцираме диско вечерта на Скрим од Метрополис Арена. Рано утрото на 17-ти нашата техничка екипа ќе започне да ја мести сцената на која ќе настапат бендовите во сабота, а истите тие во петок треба да имаат и генерална проба на таа сцена.

ДЈ-ите кои ќе настапат на диско вечерта на огромно задоволство прифатија настанот да се одржи во клубот Колосеум со цел да бидат поблиску до публиката и да ги почувствуваат заедничките вибрации. Колосеум има капацитет да ги собере сите почитувачи на клубската сцена и не се сомневаме  дека во петок ќе се случи шестчасовен спектакл за кој долго ќе се зборува- изјавуват организаторите Нова Икс Идеја.

Сите технички елементи кои беа најавени како составен дел од диско вечерта на Скрим Мјузик Фестивал ќе бидат дел од сетовите на ДЈ- ите во клубот Колосеум. Цената на билетите кои можат да се набават преку продажната мрежа на www.mktickets.mk , Тобако Тугедер салоните низ цела Македонија, Југотон, Цвеќара Розе Веро 2 и Камарад Рамстор изнесува 600 денари.

You May Also Like