Меморандум за соработка меѓу АМС и Факултети.мк

Денеска (06 февруари), во Агенцијата за млади и спорт беше потпишан Меморандум за соработка меѓу АМС и Факултети.мк.

ams_fakulteti.mk_memorandum

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка , двете страни ги изразуваат своите заложби за соработка за планирање и имплементирање на заеднички активности, поттикнување на неформалното образование и континуираното учење и споделување на информации во интерес на младите луѓе, особено студентите.

Идејата за ваквата соработка произлегува од фактот дека Факултети.мк е еден од најпосетените и најинтересните вебинформатори за младите луѓе, така што на овој начин се отвораат можности тие поопсежно да се информираат за можностите за обуки, пракси, стипендии, работни места, но и да стекнат знаење кое им е значајно за нивниот личен и професионален напредок.

Со воспоставувањето на ваквата соработка, Агенцијата за млади и спорт останува цврсто посветена на заложбите да ги поддржува и охрабрува младите луѓе, како и оние кои придонесуваат за нивната едукација, информирање и развој.

You May Also Like