Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски титулата почесен доктор doctor honoris causa на Универзитетот во Истанбул, ја доби во знак на неговиот придонес во развојот на науката и образованието и зајакнувањето на македонско-турската соработка.
Ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски ја имаше честa и привилегија да биде промовиран во почесен доктор doctor honoris causa на Универзитетот во Истанбул, кој е еден од најстарите, најзначајните и највлијателните универзитети во Република Турција, формиран во далечната 1453 година.
На свеченоста во Истанбул, организирана по повод свеченото промовирање на ректорот Стојковски во почесен доктор на Истанбулскиот универзитет, присуствува високи државници на Република Турција како и бројни членови на нивната академска заедница.