Студија за поезијата на Етернијан објавена во „Сајбер литература“

Во студијата насловена „Откривање на вечните јатки“, д-р Бано се произнесува со највисоки вредносни квалификации за поезијата на Етернијан и нагласува дека тој е „вистински гениј во интернационалниот поетски свет“.

Студија за поезијата на Јовица Тасевски-Етернијан од д-р Ш. Бано, шеф на катедрата за применети и општествени науки на индискиот универзитет АИЕТ, е објавена во научното списание „Сајбер литература“ (ISSN 0972-0901).

Поезијата на Етернијан неодамна беше претставена и во австралиското универзитетско списание „Виндмилс“ што го објавува Универзитетот „Диакин“, каде беше истакнато дека „песните на Етернијан се карактеризираат со впечатлива сликовитост, иновативен израз и збиен јазик со преплетени значења, алузии и неочекувани конотации“.

You May Also Like