Од денес (9 мај, четврток) па се до вторник (14 мај), во Сцена 105 на ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи ревија на руски филмови. Секој ден од 20:00 часот ќе се прикажува по еден филм.
Ревијата на руски филмови ЦК „Марко Цепенков“ ја организира во соработка со Филмскиот фонд на Македонија, поддржана од Амбасадата на Руската федерација во земјата, Рускиот културен центар во Софија и Министерството за култура, а по повод 9 мај – денот на победата – државен празник на Руската федерација.
Програма (филмови што ќе бидат прикажани):
ЕДНА ВОЈНА/Одна воина
колор/ 85`
Режисер: Вера Глаголева
Сценарио: Марина Сасина
Композитор: Сергеј Баневич
Улоги: Александар Балуев, Наталија Суркова, Јулија Мељникова, Михаил
Хмуров, Федор Копосов
Производство: Продуцентски центар „Хорошо продакшн”, 2009 год.
Глаголева Вера Виталевна е глумица, режисерка, сценаристка и продуцентка, заслужна артистка на Русија (1995 год.). Родена е во Москва на 31 јануари 1956 год. За кино првпат снимала веднаш по завршувањето на училиштето во 1974 година, кога случајно наминала во „Мосфилм”. Иако нема актерско образование, многу снимала и е позната по својата актерска уникатност. Игра и во театарски претстави.
Содржина: 8 мај 1945 година. Максим Прокоров, претставник на Народниот комесаријат заз внатрешни работи, пристигнува на едно островче на Северот. Таму живеат 11 луѓе: пет млади жени, пет деца на возраст од една до три години и капетанот Карп Ничипорук. Младите мајки се протерани од териториите окупирани од фашистите, а децата се всушност деца на германскиот окупатор. Пристигнувањето на мајорот го нарушува секојдневието на островот. Неговата цел е да го „исчисти“ островот…
ПОП/ POP
ДВД/ колор/ 123`
2009 година
Режисер: Владимир Хотиненко
Сценарио: Александар Сегењ, Владимир Хотиненко
Улоги: Сергеј Маковецкиј, Нина Усатова, Елизавета Арзамасова, Кирил Плетњов, Анатолиј Лобоцкиј
Хотиненко Владимир Иванович е руски режисер, глумец и сценарист. Тој е и Заслужен уметнички работник (2001 год.) и Народен артист на Рускатафедерација (2010 год.). Роден е на 20 јануари 1952 година во градот Славгород, Алтајски крај. Во 1976 год. го завршува Свердловскиот институт за архитектура. Од 1978 до 1982 година работи како уметнички директор на Свердловската продуцентска куќа. Во 1981 година ги завршува Високите курсеви за сценаристи и режисери (студио Н.С. Михалков). Денес предава режија на игран филм во Серускиот државен институт за кинематографија. Од 1999 година раководи со Режисерско-сценаристичко студио на Високи курсеви за сценаристи и режисери.
Во „Поп“ раскажува за вербата на еден православен свештеник и животот на мисионерите во времето на фашизмот…
НИЕ СМЕ ОД ИДНИНАТА/ Мй- ИЗ БУДУСЧЕГО
2008 год., 120 мин., колор, ДВД
Режисер: Андреј Малјуков
Автори на сценариото: Александар Шевцов, Едвард Володарскиј, со учество на Кирил Белевич
Камера: Владимир Споришков
Актери: Екатерина Климова, Данила Козловскиј, Даниил Страхов, Борис Галкин, Сергеј Маховиков, Владимир Јаглич, Димитриј Волкострелов, Андреј Терентjев
Андреј Игоревич Малјуков – советски и руски режисер, сценарист, продуцент. Роден е на 6 јануари 1948 год. во Новосибирск. Во периодот 1961-1966 е актер и режисер во Народниот театар “Младост” во Новосибирск. Во 1971 год. го завршил Режисерскиот факултет на Серускиот државен институт за кинематографија. Од 1974 год. е продуцент на продуцентската куќа “Мосфилм”.
Од крајот на 1990-ите години активно работи во телевизија. Заслужен уметнички работник и Народен артист на Руската Федерација. Група на платеници трага по вредни артефакти од Втората светска војна. За нив фронтовите се ковчези полни со застарени типови на пушки, медалји и документи со непроценлива вредност. Откако ќе го откријат албумот на еден заклан војник со фотографии од војната, решаваат да се освежат во блиското езеро. Кога ќе испливаат на површината, ќе сфатат дека мистериозно влегле во временска дупка. Патувањето низ времето ги однесло во 1942 година…
ЗВЕЗДА
Русија/ 2002 година/ 97`
Режија: Николај Лебедев
Сценарио: Евгениј Григорјев, Николај Лебедев, Александар Бородјански
Улоги: Игор Петренко, Артем Семакон, Алексеј Панин
Филмот „Ѕвезда“ е заснован врз истоимениот роман на Емануил Казакевич. Во летото 1944 година, нацистите спремаат голема тенковска дивизија, наречена „Викинг“ и планираат офанзива на окупираното руско тло. Составена од седум снајперисти, специјалната единица на Руската армија „Ѕвезда“ е испратена да истражи што се случува кај непријателите. Две претходни руски групи се немаат вратено од ваквите извидувања. Седуммината знаат дека ги чека сигурна смрт во име на победата.
ОСЛОБОДУВАЊЕ – петти дел/ Освобождение, Фильм 5-й “Последний штурм”
Русија/ 1971 година/ 70`
Режија: Јуриј Озеров
Сценарио: Јуриј Бондарев, Оскар Курганов, Јуриј Озеров
Улоги: Михаил Уљанов, Василиј Шукшин, Николај Олјалин
Преку вистински и измислени ликови, филмов хронолошки ги следи настаните поврзани со Втората светска војна, позната на Источниот фронт и како Големата патриотска војна . Раскажува за последните денови од војната: нападот врз Рајстагот, борбата за секоја педа и кревањето на победничкото знаме.
ЖЕРАВИТЕ ЛЕТААТ/ ЛЕТЯТ ЖУРАВЛИ
Русија/ 1957 година
ДВД/ 98`
Режија: Махаил Калатозов
Сценарио: Виктор Розов
Улоги: Татјана Самоилова, Алексеј Баталов, Василиј Меркурјев
Во Москва се случува голема љубов помеѓу Вероника и Борис. Но доаѓа Втората светска војна. Борис се пријавува во војска и веднаш е испратен на фронт. Тие не успеваат ни да се поздрават. Чекајќи вести од либето, Вероника ќе биде силувана од Марк, братучедот на Борис…