Распродадени сите билети за Сигет

За првпат во историјата на Сигет, распродадени се сите билети, недела дена пред официјалниот почеток на фестивалот.

zsiget

Со одлука на организаторите, последните 1000 влезници се резервирани за купување само на влезот на фестивалот Сигет.

Károly Gerendai (Карољ Герендаи), основачот и главниот организатор на фестивалот, изјави дека зголемениот интерес бил забележан во текот на целата година и дека тоа се должи на “одличната програма, но и на успехот на унапредените услуги кои го зголемуваат комфорот на посетитетлите на фестивалот”. Се поголем е бројот на посетителите како од Унгарија, така и од целиот свет. За зголемениот број гости од странство голем удел има и фактот дека Будимпешта станува сѐ попопуларна туристичка дестинација. Секако значајно е и тоа што Сигет вложува голем напор за интернационална промоција на фестивалот.

Герендаи додаде: “Фестивалот има вкупен капацитет од 85.000 посетители дневно, па така бројот на неделни влезници е ограничен на 45.000, а дневните на 25.000 за секој ден засебно, за да може заедно со ВИП гостите и сите учесници во организацијата на фестивалот, вкупниот број на пристутни во даден момент да не го надмине зададениот максимум за пријатен и комфорен престој на сите.“ Gerendai очекува оваа година вкупниот број на посетители во текот на цела недела да достигне 400.000.

За сите оние што го пропуштија периодот на претпродажба, а сѐ уште сакаат да бидат Сигетанци, можеби ќе имаат среќа да бидат едни од најбрзите и да си набават билет на влезот на фестивалот- резервирани се 1000 неделни влезници со кампување! Во исто време, организаторите ве предупредуваат да внимавате и да не купувате билети од уличните препродавачи затоа што голема е веројатноста да купите фалсификат билет.

Во однос на услугите кои им ги нуди Сигет на своите посетители за да им го направи престојот што попријатен, а патувањето што поедноставно, Сигет нуди сетови за кмпување (шатор за двајца, душек, 2 ќебиња) кои можат да се набават на лице место; Ситипас билети кои овозможуваат слободен јавен превоз со сите видови превозни средства (освен такси), најразлични попусти за разгледување на убавините на Будимпешта и други поволности; осигурителни полиси; неколку можности за безбеден паркинг блуску до влезот на фестивалот; специјални Фестфон пакети (мобилен и сим картичка) со кои посетителите можат бесплатно да зборуваат помеѓу себе, можности за користење на интернет, вклучени минути за бесплатни разговори со лица кои користат други мобилни оператори; специјални услови за фамилијарно кампување и многу други поволности.

You May Also Like