Оперската бајка „Јованче и Марика“ на сцената на МОБ

На 13 септември (четврток) со почеток во 12:00 часот и на 14 септември (петок) со почеток во 19:00 часот на сцената на МОБ ќе биде изведена оперската бајка за деца „Јованче и Марика“ од Инглберт Хампердинк.

Македонска опера и балет
Македонска опера и балет

Диригент на претставата е Бисера Чадловска, режијата е на Нина Најденова од Бугарија, сценографија на Борислав Стојнов од Бугарија, костимографија на Марија Пупучевска, кореографија на Олга Панго и концерт мајстор Климент Тодоровски.

Во улогата на Петар (таткото) ќе настапи Невен Силјановски, Гертруда (мајката) –  Александра Лазаровска Василевски, во улогата на Јованче ќе настапи Билјана Талеска, Марика – Ана Ројдева Талевска, вештерката – Десанка Глигоријевиќ, самовила на ноќта – Нада Талевска и раскажувач – Кирил Андоновски.

You May Also Like