На фестивалот Актерот на Европа во Ресен, деновиве на познатиот интернационален актер Раде Шербеџија свечено му беше врачена наградата Скрипт мост за 2014 година за врвни и осведочени филмски остварувања и вредности.
Наградата му беше доделена на Меѓународниот фестивал на филмските сценарија Скрипт фест, кој традиционално се одржува во Скопје, а на познатиот уметник Раде Шербеџија во Ресен му ја врачи претседателот на Фестивалот проф.д-р Христо Петрески.
Овој фестивал се организира со материјална поддршка од страна на Министерството за култура на Република Македонија и наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија Презент.