Канческа-Милевска на отворањето на ребрендираниот Француски институт во Скопје

Министерот за култура д-р Елизабета Канческа-Милевска вечерва (четврток, 01.03.2012 година) со почеток во 18:00 часот во просториите на Францускиот културен центар, заедно со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Жан-Клод Шлумберже, ќе се обрати на отворањето на модернизираните простории на овој Центар кој се ребрендира во Француски институт во Скопје.

Отворањето на Францускиот институт е во рамките на месецот на Франкофонијата во Македонија.

You May Also Like