Вчера (вторник, 8 јули) на Бит фест беа промовирани книги од современото детско творештво, концерт одржа Битолскиот дувачки орекастар, а беше одржан и концерт на современ џез.
Книги „Современо детско творештво“
Во соработка со НУУБ „Свети Климент Охридски, а во организација на здружението на граѓани Биосфера на интерактивен начин беа презентирани одбрани дела. На сите посетители им беше дадена листа со наслови и автори за да можат да ги изнајмат книгите за кои се заинтересирани од НУУБ „Свети Климент Охридски“.
Концерт на Битолскиот дувачки орекстар
Битола, иако град со богата музичка традиција, долго време недостасуваше дувачки оркестар кој ќе го разубавува градот. Оркестарот кој некогаш постоел, денес во ново светло, со нови музчки лица од кои зрачи љубов и емоција е реоформен од ентузијастот и капел мајстор на оркестарот Марјан Бакревски, кој стои на чело на оркестарот кој гледа светла иднина за овај оркестар. Марјан Бакревски е роден во Битола, каде што го завршува средното музичко образование, а потоа животниот пат го следи до Соединетите Американски Држави и Австрија. После повеќегодишната работа во различни оркестри како New England Philharmonic, Charls River Wind Ensamble, Wiener Kagran Musik, Dorfmusik Strebersdorf, k.u.k Regimentskapelle IR4, Марјан добива инспирација и желба да застани на чело на Битолскиот Дувачки Оркестар. Марјан Бакревски работи како професор по кларинет во Средното Музичко Училиште во Битола. Битолскиот дувачки оркестар изведува дела од Штраус, Теике, Суза, Лехрман и др. Со синоќешниот настап предизвика голем интерес кај битолската публика која го преполна Широк Сокак.
Концерт на современ џез
Иван Бејков, Александар Секуловски, Сашо Поповски и специјалниот гостин Дејв Вилсон од Америка направија прекрасна атмосфера во дворот на Културниот центар „Магаза“. Концертот на современ џез е дел од програмата на Бит Фест.