Работна посета на министерката за култура во Валандово

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (20 август 2014 година) во 11:00 часот ќе оствари работна посета на општина Валандово заедно со градоначалникот Николче Чурлиновски.

valandovo_panorama

Министерката и градоначалникот ќе одржат прес-конференција по повод реконструкцијата на салата на Домот на културата во овој град каде наскоро предвидено е да се одржи фестивалот „Фолк фест Валандово“ .

You May Also Like