Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп со поддршка на Министерството за култура го издаде двобројот 1-2 (за 2012 година) на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“.
На почетните страници се песните од Весна Ацеска, Јовица Тасевски-Етернијан, Кирил Бисерковски и Елизабета Тодоровска, како и преводите на поезија од ирскиот поет Ноел Кинг и арапската поетеса и драматург Натали хандал.
Двобројот 1-2 ги донесува и преводите на неколку современи романски поети и многу интересни есеи.