Во рамките на програмата на манифестацијата „Културно лето Новаци 2014“ се одржа концерт на класична музика во изведба на „Duo nuovo“во состав Марија Шамоска-Буџаковски (пијано) и Андријана Дукоска (виолончело).
Љубителите на класичната музика имаа можност да уживаат во аранжманите за виолончело и пијано од Лудвиг Ван Бетовен,Јоханес Брамс,Александар Глазунов,Консуело Веласкез и други познати композитори.Публиката со долготрајни аплаузи ја поздрави изведбата и побара од локалната самоуправа концертот на класична музика во престојните културни лета да стане традиција.